
Македонската кошаркарска репрезентација со триумф од 88-74 против Полска го заврши квалификацискиот циклус за Европското првенство 2025. По поразот во Талин, нашата селекција ги загуби шансите за пласман, па овој натпревар беше само формален завршеток на кампањата.
Иако натпреварот немаше резултатски притисок, македонските кошаркари одиграа одлично и го совладаа директно пласираниот домаќин. Ти Џеј Шортс беше најдобар стрелец со 23 поени за само 21 минута, а Андреј Маслинко го одигра својот најдобар натпревар во националниот дрес, постигнувајќи 22 поени. Лејсон Зеќири додаде 17 поени, додека Ненад Димитријевиќ реализираше 11 поени.
Пред почетокот на натпреварот, Дамјан Стојановски официјално се прости од репрезентативниот дрес, затворајќи едно поглавје од македонската кошаркарска историја.