Skip to main content
Македонија

Македонија со најниска просечна плата во регионот

27/12/2024  18:40

Македонија е со најниска просечна плата во регионот. Месечната нето-плата во октомври оваа година изнесува 685 евра, објави Државниот завод за статистика. Споредбено со Србија истиот месец просечната плата била за 157 евра повисока од македонската.

„Македонија заостанува и во однос на соседните земји, каде работниците заработуваат значително повеќе. Во Босна и Херцеговина просечната плата изнесува 720 евра, во Црна Гора 944 евра, во Хрватска 1.340 евра, а во Словенија 1.514 евра“, велат податоците на Државниот завод за статистика на Македонија.

Сепак кај нас има зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец.

Просечната плата во Македонија во последните десет години пораснала за околу 94 насто. Но, и покрај двојниот раст, Македонија е на дното на Европа според висината на просечните плати.