Skip to main content
Македонија

Македонија реагира на соопштението на Бугарија: Го повикуваме дијалогот да се води според европските принципи

27/01/2026  19:41

Македонското министерство за надворешни работи реагираше по соопштението на бугарското МНР. Изразија жалење што бугарското МНР сѐ почесто се позиционира според нив како рецензент на изјави на македонски политички претставници, наместо како партнер во суштински и европски ориентиран дијалог.

,,Воедно, јасно нагласуваме дека ниту имаме намера, ниту потреба да бидеме дел од внатрешнополитичките или изборните процеси во Република Бугарија – ниту преку коментари, интерпретации, ниту преку вклучување во дневнополитички наративи. Ги повикуваме бугарските институции да се водат од принципите на добрососедство, взаемна почит, предвидливост и институционална комуникација – принципи кои воедно претставуваат темелни европски вредности и стандарди. Затоа што Европа се гради со доверба и резултати, не со етикетирања и политички квалификации Република Северна Македонија и понатаму останува подготвена за дијалог што ќе се води во духот на европските вредности. – се вели во соопштението.