
Метео анализа на Славчо Попоски:
Поради продор на екстремно ладен бран кој полека ќе се спушта од север кон територијата на Македонија ќе дојде до формнирање на секундарен циклонски систем над Југоисточна Европа и на големи влажни воздушни бранови кои најпрво во Македонија ќе условат да имаме врнежи од дожд и од снег на пониските места и само снег на повисоките населени места и на планините. Во почетокот поради присуство на потопол воздух во горниот слој од Атмосферата и поладен воздух во долниот слој од Атмосферата во Македонија и тоа особено во западните предели ќе има услови и за појава на ледени врнежи па токму поради ова апелирам возачите да бидат крајно внимателни поради можноста за појава на голомразица на патиштата.
Ќе дува засилен до повремено силен ветер од јужен и од југозападен а потоа и од северен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час.
Веќе од утрешната ноќ сабота кон недела и во недела и понеделник (11 и 12 Јануари) врнежите ќе бидат само од снег со што ќе дојде до формирање на снежна покривка и во повеќето пониски места (Градови). На планините и на Скијачките центри снежната покривка значително ќе се зголеми со што очекувам нови над 30/40 сантиметри снег.
И во Скопје и околината со овој екстремно ладен и влажен бран од север ќе има врнежи кои ќе преминуваат во снег особено во недела и во понеделник кога ќе има услови за фомирање на помала снежна покривка и во Скопската котлина. Ќе дува повремно засилен до силен ветер од јужен а потоа од северен правец.
За време на овој голем влажен бран локално ќе наврне големо количество на воден талог и тоа особено во западна Македонија (локално над 50 литри на метар квадратен воден талог).
Температурите значително ќе се намалат и веќе во недела и во понеделник (11 и 12 Јануари) на повеќе места и преку ден ќе останат под нулата а наутро температурите на многу места ќе се спуштаат до околу и под -10 степени а локално и до околу па и под -15 степени. На планинските места температурата очекувам да се спушти дури до околу -20 степени.
