Skip to main content
Македонија

Македонија полека потпаѓа под влијание на топлиот бран од Африка!

31/05/2025  17:47

Нашата територија од денес (31 мај сабота) започна полека да потпаѓа под влијание на најавениот топол бран кој е со потекло од Африка, што значи дека температурите од ден на ден се повеќе ќе растат. Инаку, денес најтопло до 17 часот беше во Гевгелија со измерена максимална температура од 28 степени.

Сепак попладнево, особено во источните предели имаше локален краткотраен пороен дожд со ретки грмежи.

На табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени до 17 часот попладнево, и максимални дневни температури за денешниот ден по градови и места во Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.