Skip to main content
Македонија

Македонија останува под влијание на силен Антициклон: Зима и понатаму нема

14/12/2025  09:44

Метео анализа на Славчо Попоски

Во текот на целата наредна седмица и тоа во периодот од 15 декември па се до 22 декември територијата на целиот Балкан и Македонија останува да биде под влијание на силниот Антициклон (Поле на висок воздушен притисок) кој се протега од југ и истиот условува да имаме температури значително над просекот за месец декември и стабилно и суво време без никави врнежи.

Сепак наутро останува да е ладно и на повеќе места температурите ќе се спуштаат за неколку степени под нулата  па така очекувам појава на слана  и на слаб мраз.

Во ваква ситуација по котлините  и по речните долини и понатаму особено во ноќните  и во утринските часови ќе има појава на магла  и на ниска облачност  и таа повремено ќе биде густа  и ќе условува намалена видливост.

Појава на магла  и на ниска облачност особено во ноќните  и во утринските часови ќе има  и во делови од Скопската котлина.

Температурите пак како и до сега остануваат значително да бидат над просекот за месец декември и тие на повеќе места кај нас ќе надминуваат 10 степени а во југоисточните предели температурите ќе се искачуваат до околу 15 степени. Во Скопје  и околината наутро пак температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува до околу или ќе надминува 10 степени.