Skip to main content
Македонија

МАКЕДОНИЈА КАКО ПОД САЧ: Температурите надминаа 43 степени

25/07/2025  20:53

Денешниот ден (петок 25 јули) во нашата Република Македонија помина во знакот на екстремно топло и сончево време насекаде кај нас, со исклучително високи температури на воздухот кои во најголем дел од Македонија надминаа 35 степени, а на повеќето места тие беа и над 40 степени.

Најтопло денес до 17 часот попладнево беше во Гевгелија со измерена температура дури од 43.1 степен.

На табелата можете да ги видите денешните максимални дневни температури на воздухот измерени до 17 часот попладнево по градови и места во нашата Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.