Skip to main content
Спорт

Македонија ја победи Литванија и се пласираше на ЕП

11/05/2025  20:32

Македонската ракометна репрезентација ја совладаа Литванија во клучниот натпревар од квалификациите за настап на Европското првенство во 2026 година со 26:17 (13:11) и се пласираа на осмиот континентален собир во низа.

Нашата репрезентација го оправда фаворитскиот статус, одигра фуриозно второ полувреме и го декласира ривалот покажувајќи сила кога е најпотребно. Со по пет гола најефикасни во македонскиот состав беа Филип Кузмановски и Мартин Серафимов, по три имаа Пешевски и Џонов, двапати стрелаа Ивановски, Лазаревски, Јагуриновски…

Низата без прекин на големите натпреварувања трае од 2012 година и ЕП во Србија, а сега беше обезбеден настап на сканди ЕП во Данска, Норвешка и Шведска.

Ждрепката за групите на ЕП 2026 ќе се одржи на 15 мај во данскиот град Хернинг, а натпреварите во овој град, ќе се игра и во Осло, Кристијанштад и Малме.

Од групата во која е Македонија, пласман на ЕП од претходно обезбеди селекцијата на Словенија.