Skip to main content
Балкан, Македонија

Македонија ја одби бугарската понуда за помош со мазут

24/12/2025  17:20

Ден по прогласената кризна состојба поради недостиг на мазут, Македонија и Бугарија размениле разговори за можност за помош. Бугарија понуди да испрати мазут, но македонската Влада ја одби понудата, истовремено нудејќи помош доколку Бугарија има потреба.

– Утрово беше остварен телефонски разговор меѓу министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Георг Георгиев. Министерот Муцунски изрази благодарност за понудената помош, при што нагласи дека во моментов нема потреба од дополнителна поддршка, бидејќи состојбата е стабилна.

Воедно, министерот Муцунски истакна дека доколку Република Бугарија има потреба од ваква или слична помош, Република Северна Македонија целосно стои на располагање. Македонската Влада за ТВ24 појасни дека државата располага со сопствени резерви и капацитети за производство на електрична енергија и дека моменталната ситуација е стабилна.