Skip to main content
Хроника

Македонец загина во Бугарија откако 19-годишник со автомобил влета во полн ресторан

06/07/2025  14:32

Три лица, меѓу кои и државјанин на Македонија, загинаа во тешка несреќа што се случи ноќеска во бугарскиот град Разград, кога 19-годишен возач со автомобил влетал во полн ресторан, објавија локалните медиуми.

Несреќата се случила околу 01:36 часот на улицата Гранчарска. Според информациите од бугарската полиција, младиот возач, кој управувал автомобил сопственост на неговиот татко, изгубил контрола врз возилото и удрил директно во терасата на ресторанот, каде во тој момент имало гости.

На самото место на несреќата животот го загубиле тројца мажи на возраст од 58, 62 и 64 години. Меѓу загинатите е и 58-годишен државјанин на Македонија, кој имал постојано живеалиште во Бугарија.