Skip to main content
Свет

Македонец тепал и пцуел полицајци во Швајцарија

01/04/2026  20:20

36-годишен државјанин на Македонија во вторникот навечер на улицата „Резенбергштрасе“ навредувал и физички нападнал припадници на интервентните служби. Градската полиција на Сент Гален поднесе пријава против него.

Во вторникот навечер (31. 03.2026), кратко по 20 часот, на улицата „Розенбергштрасе“ имало полициска интервенција. Полицијата излегла на терен по дојава за тепачка.

По пристигнувањето, патролата затекнала 36-годишен маж кој не учествувал во тепачката, но се однесувал агресивно кон службените лица. Тој ги навредувал и ги пцуел полицајците.

При преземањето на контролните мерки, мажот пружил значителен отпор и станал физички насилен. Се обидел да ги шутне полицајците и да ги удри со глава.

36-годишниот Македонец бил врзан со лисици и приведен во полициска станица. По завршување на службените дејствија, тој бил пуштен на слобода. Градската полиција на Сент Гален против него ќе поднесе соодветна пријава.