Skip to main content
Македонија

Македонец сака со трчање-пешачење да стигне до манастирот Острог – собира средства за деца болни од канцер

26/01/2025  11:12

Македонецот Антонио Пандовски во чест на своите родители сака пеш, со трчање и пешачење, да стигне до Острошкиот манастир во чест на неговите покојни родители, но и со уште една благородна и хумана цел, да собира донации за децата болни од канцер. Поради тоа му е потребна наша помош!

– Сакам со вас да ја споделам мојата најголема животна желба и цек тоа е трчање-пешачење до Манастир Острог во чест на моите родители кои веќе не се меѓу нас… Овај подвиг ќе го реализирам во Јули месец оваа година ако биде се како што треба и оди се по план. 🙏 Исто така овај подвиг сакам да биде и како хуманитарен подвиг собирање на средства за деца кои боледуваат од канцер. Сакам да се соединиме сите и да покажеме дека сме хумана држава. Јавно барам некоја фондација да се вклучи во овој мој проект и да направиме се што можеме да им овозможиме на нашите мали херои подобар живот. 🙏 Исто така ако има некој што сака да се вклучи како пратња да ми озвомозжи полесно трчање во овај подвиг поготово велосипедиста слободно нека ме контактира. Детали наскоро…
ЗА НАШИТЕ МАЛИ ХЕРОИ! 🙌❤️, напиша тој на Фејсбук.