
Храбриот Македонец Зоран Настески успеа да совлада човек кој вчера извикуваше дека има бомба во авион на easyJet на лет од Лутон до Глазгов.
На видеото што Настески го објави на неговиот YouTube профил, се гледа како напаѓачот извикува „Алах Акбар“, а потоа е совладан од Настески, со што е спречен поголем инцидент.
Инцидентот доведе до принудно слетување на преполниот авион на аеродромот во Глазгов.
По настанот, напаѓачот бил врзан со лисици и извлечен од авионот од шест полицајци, додека преплашените патници останале во солзи.
На видеото се слуша како напаѓачот вели: „Сакав да му испратам порака на Трамп… тој е во Шкотска“.