Skip to main content
Хроника

Македонец до смрт претепан во Љубљана

06/10/2025  11:13

Пронајденото безживотно тело пријавено во петокот во полицијата во Љубљана е на 38-годишен државјанин на Македонија, потврди портпаролката на полициската управа во Љубљана, Шпела Шкопорц.

Неофицијално, лицето било претепано до смрт.

„Полициските службеници извршиле увид на местото на настанот, наредена е судска обдукција, но причината за смртта сè уште не е разјаснета. Интензивната кривична истрага продолжува, а надлежното државно обвинителство ќе биде известено за сите наоди“, изјави портпаролката.