
Македонската амбасада во Тирана попладнево објави известување околу обновувањето на патните исправи на Македонците во Албанија, кои поседуваат македонско државјанство.
-Ги информираме сите припадници на македонското национално малцинство во Република Албанија, кои имаат македонско државјанство и поседуваат истечени пасоши, дека до 20 овој месец може да поднесат барање за нивно обновување во Амбасадата на Република Северна Македонија во Тирана, стои во известувањето.
Заинтересираните лица кои сакаат да ги обноват своите македонски пасоши потребно е да се пријават на на телефонскиот број: +355 422 30909 или на Е-пошта: tirana@mfa.gov.mk.
“При поднесување на пријавата, задолжително е да се достават документ за идентификација, Документ со кој се потврдува македонското државјанство (важечки документ или уверение за државјанство) и да се наведе контакт телефонски број или електронска адреса на барателот.
Според амбасадата, фотографирањето за нови пасоши ќе биде во Амбасадата во Тирана и во Општина Пустец, што е по избор на барателот.