Skip to main content
Магазин

Макарони и сирење, банана и млеко – комбинации што му штетат на желудникот

23/08/2025  23:22

Лошата комбинација на намирници може сериозно да го наруши варењето и да предизвика гасови, надуеност, болки во стомакот, гадење, замор и проблеми со столицата, предупредуваат нутриционистите.

Мешањето на храна што се вари со различна брзина не е добра идеја, бидејќи полесната храна поминува низ цревата додека потешката сè уште се вари. Овој процес често предизвикува ферментација во желудникот, што води до дигестивни тегоби. Една од најчестите грешки е комбинацијата на краставици и домати – намирници кои заедно го поттикнуваат ослободувањето на киселини и ферментација.

Комбинации кои треба да ги избегнувате:

  • Макарони и сирење – скробот и протеините се варат со различна брзина, што го отежнува варењето.
  • Омлет со месо и сирење – премногу протеини во еден оброк може да ја преоптоварат дигестивната работа.
  • Леб и сок – киселината од сокот го спречува варењето на скробот.
  • Зеленчук и сирење – комбинацијата често предизвикува гасови и надуеност.
  • Лубеница и диња – најдобро е да се јадат сами, без мешање со друго овошје.
  • Банани и млеко – го забавуваат варењето и ја нарушуваат цревната флора. Особено проблематично е додавањето ананас во јогурт, што може да доведе и до труење со храна.

Експертите советуваат да внимавате на овие навидум безбедни комбинации, бидејќи правилната исхрана не зависи само од тоа што јадете, туку и како ги комбинирате намирниците.