Skip to main content
Свет

„Мајкрософт“ ќе отпушти три отсто од вработените

13/05/2025  18:17

Американската технолошка компанија Мајкрософт денеска соопшти дека ќе отпушти три проценти од своите вработени на сите нивоа и географски подрачја.

– Продолжуваме да спроведуваме неопходни организациски промени за најдобро да ја позиционираме компанијата за успех на динамичниот пазар, рече портпаролот на Мајкрософт во соопштение за Си-Ен-Би-Си.

Мајкрософт на крајот на јуни имаше 228.000 вработени ширум светот, што значи дека најновиот потег ќе влијае на илјадници вработени.