Skip to main content
Скопје

Мајки, ако си го препознаете вашето дете разговарајте со него, дали вака се однесува дома?

30/05/2025  15:40

“Мајки, родители, наставници!

Ако си препознаете некое од вашето дете, разговарајте со него. Дали вака се однесува дома? Дали вака се однесува на училиште? Деца ли се, стока ли се? Нели секој автобус поседува камера? Каде се камерите да се казнат овие деца и нивните родители. Еднаш казна, втор пат казна, трет пат ќе се научат. Па добро како да ги сочуваме автобусите и тие малку што ги имаме?!

Нели гледате дека нема автобуси. Дека автобусите доцнат, зарем и тие што ги имаме да ги немаме?!

Какво одвратно некултурно однесување“, стои во постот каде се гледа како малолетничка гази врз седиштето наменето за патници. Корисникот кој ја има постирано оваа фотографија прашува дали истото тоа дете вака се однесува по дома и посочува дека треба да се разговара со него.