Skip to main content
Македонија

Мајката на Моника му се обрати директно на Мицкоски: Цинично ми се смееш, одговори ми кој ја потпиша наредбата за акциска контрола во Пулс?! (ВИДЕО)

09/12/2025  14:48

Тензично атмосфера на денешната седница на Анкетната комисија за пожарот во дискотеката Пулс откако збор зема мајката на Моника, Верица Трифуновa која му се обрати директно на премиерот, Христијан Мицкоски кој соогласно нејзината забелешка цинично се смеел при нејзиниот говор.

Трифуновa побара од Мицкоски да и одговори кој ја потпишал наредбата за акциска контрола на полицијата во дискотеката Пулс на кобниот 16 март. Кој има одговорност што полицијата од 12 часот чекала пред дискотеката и не превземала ништо, а со своето несторување била сооучесник во загубата на 63 млади лица, објави Инфомакс.

Таа посочи дека нивните деца не биле во ноќен клуб туку на концерт на најпознатиот македонски бенд ДНК и било чие дете можело да биде на тоа место.

Трифунова откриј и други страшни детали од таа вечер, погледнете го нејзиното обраќање пред Мицкоски и целата македоснка јавност.

Извор: Инфомакс