
Верица Трифунова, мајката на Моника Спасова – девојката која го загуби животот во пожарот во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани на Фејсбук со статус објавен 100 дена по трагедијата.
„Ја убија твојата убавина, твојата светлина што зрачеше како дијамант… Твојот живот насилно ти го одзедоа алчните и заслепени по материјалните добра“, напиша меѓудругото Трифунова.
Вели дека нема место за простување:
„Ладнокрвните убијци што те убија мајкино – ќе горат во пеколот. Нека уживаат сега во земниот живот, но во царството небесно за нив нема место. Додека сум жива – ќе се борам за твојата правда. Нема да дозволам твојата смрт да биде продадена“ – пишува Верица.
Нејзината објава на социјалната мрежа ја заврши со зборовите: „Те сакам, мајкино око. Многу, многу ми фалиш…“.