Skip to main content
Македонија

Мајката на Андреј од ДНК го барала во сите скопски болници, никаде го нема

16/03/2025  14:19

По пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, мајката на пејачот од ДНК Андреј Ѓорѓиевски ги обиколи сите скопски болници од утрово, но нема трага од нејзиниот син. Со болка заминува дома да чека информации за синот. Ова за „Независен“ го потврди близок член на семејството на Андреј.

Информацијата која се прошири дека Андреј е добар и е во штипската болница, се покажаа неточни, откако се покажа дека се работи за друго момче со тоа име.