
Во моментов во Загреб се води голема потрага по течението на реката Сава, пренесува 24сата.
Мајка влегла во Сава со дете во раце. На жената и била укажана помош, а потрагата по детето е во тек.
„Денеска околу 16 часот и 10 минути во коритото на реката Сава кај мостот Јанкомир, жена пријавила дека влегла во реката со дете во рацете, па и била укажана лекарска помош додека траат интензивни мерки со цел пронаоѓање на детето“, соопштија од полицијата.
Досега се повикани пожарникари, цивилна заштита и Хрватската метеоролошка служба.
Активирани се и тимови со чамци и дронови со термичка слика.