Skip to main content
Хроника

Мајка и син преживеале хорор среде бел ден: Двајца мажи го сопреле автомобилот и ги нападнале

24/07/2025  13:49

Ноќеска во 01 часот на булеварот „Ослободување“ во Кичево, лишени од слобода се М.И.43) и Л.И.(22), двајцата од селото Пласница, општина Македонски Брод.

Тие, се сомничат дека на 23.07.2025 околу 17 часот, на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод, во близина на селото Доленци, извршиле кривично дело „насилство“ каде, неовластено сопреле патничко возило „бмв“ со австриски регистарски ознаки, по што физички ја нападнале Е.Л.(41) од селото Пласница и нејзиниот син А.Л..

По целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава.