Skip to main content
Македонија

Магла утринава на неколку патни правци

02/02/2025  09:12

Намалена видливост поради магла утринава има на патните правци кај Неготино, Демир Капија, Охрид, Сарамзалино, Делчево и патниот правец Катланово – Велес.

Видливоста, како што информира Авто мото сојузот на Македонија, е до 100 метри.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.