Skip to main content
Македонија

Магла, одрони, затворени патни правци: Важни информации од АМСМ

26/01/2025  09:12

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.

Намалена видливост поради магла од 50 – 100 м. има во Д.Капија и Петровец – Велес.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 15.11.2024 е затворен за сообраќај за сите видови возила.

Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај.