Skip to main content
Македонија

Магла на неколку патни правци низ државата

20/01/2025  07:34

Во Прилеп и Македонски Брод поради појава на магла видливоста на патиштата е намалена од 30 до 50 метри, а во Струмица и Берово и на патниот правец Тетово кон село Гајре од 50 до 70 метри. 

MK Summit

Авто мото сојузот на Македонија утринава информираше дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.