Skip to main content
Македонија

Магла на Ѓавато, Плетвар,Стража и Крушево

04/12/2025  18:49

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, со влажни коловози на некои делници. Намалена видливост поради магла до 50 метри има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево, соопшти АМСМ. Од 15.11.2025 година важи обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба, која ќе трае до 15.03.2026 година.

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања. АМСМ препорачува прилагодена брзина, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде може да има одрони. Особено внимание се советува на делниците: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.