
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро побарал да му биде дозволено да ја напушти земјата со милиони долари приватно богатство, широка амнестија за неговите најблиски соработници и безбеден азил во пријателска земја, откриле извори блиски до телефонскиот разговор меѓу него и американскиот претседател Доналд Трамп.
Според тврдењата на соговорниците што ги објави „Телеграф“, договорот пропаднал бидејќи Мадуро инсистирал на целосна амнестија за околу стотина врвни функционери на режимот.
Додека Трамп, кој јавно го признава Едмунд Гонзалез за легитимен претседател на Венецуела по спорните избори во 2024 година, предложи Мадуро да емигрира во Русија или Кина, венецуелскиот претседател сакаше да остане на западната хемисфера, по можност на Куба. Катар потоа беше споменат како компромисна опција.
Откривањето на овој обид за таен договор доаѓа во време кога Вашингтон го засилува притисокот врз Каракас. САД распоредија моќна поморска сила во Карибите, а Трамп во вторникот изјави дека е „блиску“ до започнување напад врз венецуелска територија.

