Skip to main content
Скопје

Луксузен хотел во центарот на Скопје крадел струја: Електродистрибуција пронајде нелегални кабли

31/10/2025  10:51

Откриена голема кражба на електрична енергија во центарот на Скопје. Хотел со четири ѕвезди на улицата „Луј Пастер“ бил нелегално приклучен на електромрежата, објави Електродистрибуција на социјалните мрежи.

„При техничка контрола во станбена зграда која граничи со хотел на улицата „Луј Пастер”, нашите екипи пронајдоа три нелегални и изгорени кабли како последица на преголема оптовареност.

Каблите веднаш беа исклучени бидејќи претставуваа директна и огромна општа опасност од настанување на пожар. За време на дополнителна контрола се утвди дека хотелот повторно бил приклучен на еден од нелегалните кабли.

Екипите беа попречени во вршењето на должноста при влезот во хотелскиот објект.

Случајот е документиран и за истиот е поднесена Пријава за нелегално приклучување на мрежа и предизвикување на општа опасност од пожар до Министерството за внатрешни работи“, се додава во објавата од Електродистрибуција.