Skip to main content
Скопје

Лукровски од Општинскиот комитет Карпош: Со работа, љубов и визија – Карпош ќе биде општина за пример!

08/07/2025  16:34

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Во преполната сала на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, кандидатот за градоначалник, Сотир Лукровски, синоќа го одржа своето прво официјално обраќање пред партиските членови и симпатизери.

„Со благодарност кон претседателот Христијан Мицкоски, ја прифаќам оваа кандидатура со целосна свесност за одговорноста – затоа што Карпош има право на чесна и ефикасна локална власт“, порача Лукровски.

Во својот говор, тој се осврна на личната биографија – од детството во Карпош 4, преку долгогодишната кариера во приватниот сектор, до своето активно учество во граѓанскиот активизам, особено поврзан со македонците од егејскиот дел.

Лукровски нагласи дека Карпош има потреба од планско урбанистичко развивање, повеќе зеленило, решавање на проблемот со паркирањето, модерни градинки и училишта, како и вистинска борба против загадувањето и урбаниот хаос.

„Јас не ветувам невозможни работи – туку секојдневна работа, близок контакт со граѓаните и тимска посветеност за реални резултати“, истакна Лукровски, изразувајќи надеж за силна поддршка и обединување на целата заедница кон една голема победа на претстојните избори.