Skip to main content
Свет

Лукашенко: Војниците на НАТО на прагот на Белорусија, Западот прави сѐ за да ја вовлече земјата во конфликт

25/03/2025  12:23

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека трупите на НАТО се на прагот на Белорусија и дека Западот прави сѐ што може за да ја вовлече земјата во конфликт.

„Ескалацијата околу нас само се засилува. Војниците на НАТО се на прагот на нашиот дом и прават сѐ за да ја вовлечат Белорусија во конфликтот“, изјави Лукашенко по церемонијата на инаугурација во Палатата на независноста во Минск, пренесува „РИА новости“.

Претседателските избори во Белорусија се одржаа на 26 јануари, а според податоците на Централната изборна комисија на Републиката, Лукашенко, кој седми пат беше избран на највисоката државна функција, доби рекордни 86,82 отсто од гласовите.