Skip to main content
Свет

Луѓето скокаа од височина во паника – Над 150 повредени во земјотресите во Истанбул

23/04/2025  18:51

Во Истанбул, 151 лице се лекуваат поради повреди по денешните земјотреси, напиша канцеларијата на гувернерот на „X“.

-Тие „скокнаа од височина во паника – напиша канцеларијата, додавајќи дека никој не е во животна опасност.

Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја, исто така на „Х“, напиша дека во моментов нема информации за жртви.

Засега не е забележана значителна материјална штета. Градот од пладне постојано го тресеа потреси, од кои најсилниот беше со јачина од 6,2 степени.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека сите државни институции се во состојба на готовност и будно ја следат состојбата.

-Тимовите за итни случаи ја проценуваат ситуацијата на терен „со најголема грижа“, додаде тој. „Фала му на Бога, во моментов нема критична ситуација“, рече Ердоган.