
На 22.09.2025 година во 18:20 часот полициски службеници од ПО Групчин во атар на с.Горна Лешница кај местото викано ,,Смилец“, поради кривично дело „кражба“ на огревни дрва го лишиле од слобода К.К.(29) од с.Горна Лешница.
Од него е одземено патничко моторно возило ,,опел астра“ со скопски регистерски таблици, товарено со огревни дрва без документација, кои потоа се предадени на Шумска полиција. По документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок.