Skip to main content
Скопје

Лошото време во Скопје ја сопре жичницата на Водно

18/11/2025  10:08

Жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради невреме, информираа од ЈСП „Скопје“.

Како што велат оттаму, најавата од УХМР е дека во текот на денот во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме, а јачината на ветрот ги надминува дозволените граници за објектот да може да функционира непречено и безбедно.

Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците, соопштија од ЈСП.