Skip to main content
Хроника

Локомотива удри во скопјанец кај Хиподром – со тешки повреди е пренесен во болница

25/05/2025  14:00

Локомотива во сопственост на Македонски железници, синоќа по полноќ удри во 55-годишниот пешак С.Л. од Скопје.

Несреќата се случила на железничкиот премин Хиподром, а пешакот е тешко повреден, соопшти МВР.

Пренесен е на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и извршен е увид на местото на несреќата.