Skip to main content
Македонија

Локалните незавршени, а веќе „ѕиркаат“ предвремени парламентарни избори

26/10/2025  11:11

Точно една недела останува до гласањето во вториот круг на локалните избори 2025.

Партиите и кандидатите можеби го намалија медиумското присуство но го засилија она на терен, водејќи се од податоците и математиките каде можат да извлечат дополнителни контигенти гласови.

Очекувано, по првиот круг одржан минатата недела голем дел од партиите на власта и опозицијата се прогласија себеси за победници на изборите.

Но, додека фокусот е насочен кон вотриот круг, со изјавите на одредени политички субјекти изминатава недела, како да се подотвора вратата за евентуални предвремен парламентарни избори.

Се разбира за тоа прво треба да се праша ВМРО-ДПМНЕ партијата со 58 пратеници и освени сега веќе 35 градоначалници по првиот круг.

Ако во кампањата пред првиот круг, лидерот на партијата Христијан Мицкоски имаше неконзистентни ставови кои се движеа од „може да има предвремени“ преку „ќе одлучиме по локалните“ до „штета е за економијата да има предвремени парламентарни избори“ сега, помеѓу двата круга локални избори ВМРО-ДПМНЕ ја повикува СДСМ да побара предвремени парламентарни избори.

Ова доаѓа откако два дена по ред опозициската СДСМ која освои само три општини во првиот круг аргументираше дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата што дожвиеала дебакл намалувајќи 140.000 од гласачкото конто.

СДСМ до сега не одговори на фрлената ракавица од ВМРО-ДПМНЕ, но една партија од албанскиот политички блок директно побара предвремени парламентарни избори.

Тоа е ДУИ која преку коалицијата што ја предводи НАИ се прогласи како победник пред ВРЕДИ и побара одржување на предвремени парламентарни избори.

Колку се реални шансите за предвремени парламентарни избори?

Познавачите на партиското функционирање многу добро знаат дека ова е период кога се прават математики и кростабулации како резултатите од локалните избори би се пресликале на евентуални парламентарни избори.

Истовремено кончените резултати по општини, подоцна ги редефинираат и односите на политичките партии внатре во коалициите.

Па така, ако некоја партија и коалиција потфрлила во обезбедување на очекуваните гласови, лесно може да дојде до разидување внатре во коалицијата.

Тоа особено важи за коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа се ЗНАМ и ВРЕДИ.

Ако овие партии потфрлат во вториот круг (особено ЗНАМ во Центар и Куманово) тоа може да доведе прво ВМРО-ДПМНЕ да им скрати „колачот од фунцкии“ а потоа едноставно и да се ослободи од нив. Можеби не исто, ама слично би важело и за ВРЕДИ.

Имајќи ја предвид доктрината на ВМРО-ДПМНЕ, големи се шансите ако раководството оцени, партијата да започне процес за предвремени парламентарни избори кон почетокот на следната година.

Таков потег нема да биде изненадувачки особено ако веќе се најавува дека по вториот круг во СДСМ кризата ќе кулминира, а ВМРО-ДПМНЕ традиционално првентствено се водела од партиски, а не од државни интереси.

Кои општини ќе бидат клучни?

Во јавноста очекувано сите погледи ќе бидат насоечни кон Скопје каде за првпат во вториот круг влезе кандидат кој не е поддржан од СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ.

Но за внатрешните односи во владејачката коалиција интересни ќе бидат и неколку други општини.

За односите ВМРО-ДПМНЕ – ЗНАМ тоа ќе биде општина Центар каде кандидатот на ЗНАМ по првиот круг сериозно заостана зад актуелниот градоначалник Горан Герасимовски од СДСМ.

За односите ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ тоа секако ќе биде општина Кичево каде партијата на Мицкоски очекува поддршка од ВРЕДИ наспроти кандидатот на ДУИ, Фатмир Дехари.

Интересна ќе биде и општина Брвеница каде преку свои кандидати во директен дуел ќе влезат ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ВРЕДИ.

Од исходот на овие избори и во зависност тоа кој колку ќе „искрвари“ (што би рекол лидерот на ВМРО-ДПМНЕ) во најголем дел ќе зависи како ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе се постават виз а ви евентуални предвремени парламетарни избори.