
Мише Цвејевски, сопственикот на познатиот фаст-фуд ланец „Baking Bread“, направи несекојдневен потег за наши услови – автомобил за својот верен вработен, Антонио.
Антонио е дел од тимот на „Baking Bread“ од самиот почеток, кога немал ништо, а денес стои зад успехот на фирмата, како што самиот газда вели.
„Гинеше со мене кога беше најтешко. Никогаш не ме одби, не рече ‘не’ и за ништо не побара, а секогаш даваше сè за фирмата“, изјави Мише Цвејевски.
Тој додаде дека ова не е само подарок, туку признание за личната заслуга на Антонио: „Ова е благодарност за сите години лојалност и труд во ‘Baking Bread’“.
Потегот на Цвејевски е реткост на македонската деловна сцена и е пример за вреднување на посветеноста и лојалноста на вработените.
извор: 4NEWS.mk

