
Пишува: Проф. Д-р Иван Анастасовски
Ако се земе во предвид дека политиката е свера која се базира на интереси и компромиси, денес имаме силен тест на оваа дефиниција, каде од една страна е САД преку својот претседател кој врши силен притисок за прекин на војната во Украина (наспроти ставот на поголем дел од земјите членки на ЕУ кои се уште ја подгреваат таа војна), а од друга истиот тој претсеадтел подгрева нова војна инвазија на блискиот исток со Иран држава која веодно е стратешки партнер со Русија преку дирекна војна помош во конфликтот со Украина и Кина која има силни економски врски со Иран. Тука сега парадоксот е поголем во однос на позицијата на ЕУ која за сега повикува на смирување на тензии и избегнување на воен конфликт што остава простор на сомнеж дека ЕУ има слични интереси како Русија и Кина (хипотетички). И сега во таков сериозен каменолом на титани да се избира страна која треба да биде сопствен интерес на нашата држава.
Исто така многу треба да се следи внимателно позицијата на Европската Унија и како таа ќе се постави кон овој конфликт, а тука мислам и на нашата држава бидејќи ние имаме силни стратешки односи со САД. Според она што го видовме и прочитавме во медиуми до сега Европската Унија не даде директна воена поддршка на САД во конфликтот со Иран, барем не во форма на учество во борбени операции, ЕУ секогаш се базира на силна дипломатија, затоа и реакциите на ЕУ и нејзините земји членки поради воените дејства на САД и Израел се поумерени, повеќе дипломатски и фокусирани на деескалација, наместо на јасна воена поддршка.
Лично посакувам ЕУ да остане на дипломатските воздржани ставови и затоа таа за сега повика на воздржаност. ЕУ лидерите нагласуваат дека треба да се штитат цивили и да се почитува меѓународното право, наместо да се шират судири. Европската комисија и Европскиот совет истакнаа дека ситуацијата е „опасна“ и дека треба итно да се избегне поширок конфликт. За сега евидентно е дека нема директно учество во воени операции од страна на земјите кои се во ЕУ и при тоа се дел од НАТО. Исто така Обединетото Кралство (не ЕУ држава и најблискиот европски сојузник на САД) не учествуваа во нападите на Иран, и при тоа изразија загриженост за ескалацијата. Денешните земји лидери во ЕУ според мене а тоа се Франција и Германија не се приклучија на воени дејства, иако согласуваат со дипломатските цели за спречување на иранско нуклеарно оружје и повикуваат на преговори, и тиа повикуваат на повторно отворање на преговорите меѓу САД и Иран, наместо продолжување на конфликтот со воена сила. Истовремено, ЕУ го поддржува интегритетот на меѓународните институции и нејзиниот пристап е повеќе дипломатски отколку воено-стратегиски спротивставен на Иран. Европските лидери, вклучувајќи ја и шефицата на европската дипломатија, предупредуваа дека војно вмешување од САД би можело да го прошири конфликтот на целиот Блиски Исток, што ЕУ смета за опасно и непожелно. Воениот ангажман на САД не доби одобрување за заеднички воени операции од страна на Европската Унија.
Би сакал овде на елаборирам неколку ЕУ држави кои би можеле да придонесат за зачувување на мирот. Прво Франција држава која традиционално има побалансиран пристап на Блискиот Исток, со што Париз ја поддржува безбедноста на Израел, се спротивставува на иранско нуклеарно оружје, но сепак инсистира на дипломатско решение, и според мене многу е мала веројатност за дирекна воена поддршка од страна на Франција, единствено во случај Иран прв да нападен западни цели. Затоа Франција би ставила фокус на обновување на нуклеарниот договор и европска автономија во надворешната политика, и верувам дека Франција не би сакала целосно да ја следи американската стратегија без да има европски консензус.
Германија за разлика од Франција е уште повнимателна, таа силно поддржува дипломатија, е против ескалација и дури е воздржана кога станува збор за воени интервенции надвор од НАТО рамки, кај Германија исто така за сега е многу мала веројатност од воена поддршка, додека политичко-логистичка би можела да биде ограничена преку НАТО во случај да се активира членот 5, затоа што Германија е повеќе фокусирана на економските последици (нафта, инфлација, миграција).
Една од најголемите подджувачи на САД во ЕУ е Полска таа е меѓу најпро-американските држави во ЕУ, безбедносно е зависност од САД, кај нив има поголема веројатност за политика и воена поддршка но сепак таа е ограничена и во рамките на НАТО, но факт е тоа дека денес Полска повеќе е фокусирана на руската закана, а не на Блискиот Исток. Италија преку своите ставови повеќе е ориентирана кон стабилност во Медитеранот, поради стравот од миграциски бранови и има поголема веројатност да повика на деескалација, и кај Италија воена поддршка е помалку веројатна без широка НАТО координација. Она што е интересно е тоа да се види како ќе биде позицијата на Обединето Кралство кое не е дел од ЕУ но секап е клучен европски актер и најблизок сојузник на САД и како тие ќе се постават во однос на овој конфликт. Кралството би можеле да обезбедуваат силна логистичка или разузнавачка поддршка, но секап британците внимателно ќе го проценуваат и следат ризикот од еветулана регионална ескалација.
И конечно, многу е важно каде сме ние и кој е нашиот интерес како мала држава а воедно членка на НАТО која има свој висок претствник во Алијансата како што е заменик генерален секретар. Од аспект на директна безбедсни импликации за Македонија многу мала веројатност за директна закана кон македонска територија, оти Македонија нема воени капацитети или бази што би биле директна цел на Иран. Индиректни безбедносни ризици би се движеле кон тоа да имаме зголемени обврски во рамки на Алијансата во дел на логистика и во случај да се активира член 5 на НАТО (напад врз една членка), Македонија би имала обврска да придонесе најверојатно симболично или логистички.
За нас ќе бидат важни економски последици оти Македонија е енергетски зависна од увоз, со што во случај да дојде до блокада на Ормускиот теснец ќе имаме раст на глобалната цена на нафта што кај нас директно би пораснале цените на горивата и транспортот. Во таков случај ќе има и пораст на цените на храна и услуги, што би значело нов инфлаторен бран сличен на оној по војната во Украина. Она што би можело да биде најсериозен економски удар кај нас и да се направи голем буџетски притисок е преку зголемување на трошоци за одбрана (НАТО обврска 2% БДП) а намалување на средства за социјални политики, што не би било добро да дојде до тоа но со претседателот Трамп не сте на чисто никогаш.
Конечно можно е да дојде и до политички импликации што е сосема разбирливо и во тој случај на наше ЕУ позиционирање каде Македонија е кандидат за членство во Европска Унија и генерално ја следи европската надворешна политика, што воедно значи политичка поддршка на западниот блок и осуда на иранска ескалација преку усогласување со санкции ако дојде до тоа да треба да се воведат (повторно хипотетички). Ние за жал пак ќе бидеме мелени во тој каменолом на САД кој е наш стратешки партнер и ЕУ кандидатурата.
Но она што е важно да се напомене во случај на посерионзна ескалација на воениот конфлик на Блискиисток кај нас внатрешно би можело да дојде до политичко поларизирање, и силна антизападна реторика кај одредени одредени групи, и при тоа геополитиката може да стане тема во некој иден предизборен период. Но она што е би можело да биде многу посериозно според мене се социјалните последици преку нови миграциски бранови во случај конфликтот се прошири, а тоа се ќе доведе до пораст на несигурност кај граѓаните. Таква состојба повеќе делува врз младите каде доминира економска нестабилност и несигурност и ги наведува на иселување. Ние како мала држава и кандидат за ЕУ а воедно членка на НАТО можеме само да се надавеме и воедно да повикуваме да надвладее разумот и да сето ова не се прошири и во однос на овој конфлик сепак да победи разумот и воздржаноста.
Ставовите искажани во „Колумни“ се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на „24инфо“. Одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.


