Skip to main content
Македонија

Лога: Македонија е единствената европска држава без биометриски лични карти

06/11/2025  15:32

Соопштение на Кренар Лога, Потпретседател на АА:

Северна Македонија е единствената земја во Европа која сѐ уште нема биометриски лични карти (ID card). Овие документи лесно се фалсификуваат и можат да се злоупотребат, особено во изборните процеси (процесот на прислушувањето докажа такво нешто), со што се загрозува изборниот резултат, чесноста на процесот, но и безбедноста на државата, вклучително и на регионот (имајќи ја предвид слободата на движење на Западен Балкан со лични карти).

Доколку постои итност во земјата, тоа е трансформацијата на сите овие лични документи во биометриски.