Skip to main content
Скопје

Ливриниќ: Жителите на Скопје Север со право се разочарани

30/09/2025  13:08

Кандидатката за градоначалник на Општина Бутел, Оливера Ливриниќ, заедно со носителот на листата за советници, Симон Бешлиев на СДСМ, вчера остварија средби со граѓаните од населбата Скопје Север.

Во разговорите кои беа исклучително директни, искрени и отворени, за жал се повторуваа темите кои жителите ги посочија дека се исти со години – слаба хигиена, недостиг на системско одржување на јавните површини и недостаток од улично осветлување. Населбата која во минатото беше пример за урбанистичко добро планирање сега едноставно е „лавиринг” низ кој граѓаните не можат да се разминуваат ниту со велосипеди!

„Жителите на Скопје Север со право се разочарани. Години наназад слушаат ветувања, а состојбата е непроменета. Ние нема да одиме по тој пат – не ветуваме, туку ќе работиме. Верувам дека само со чесен пристап, ред и посветеност можеме да ја направиме Општина Бутел подобро место за живеење. Ова не е кампања на големи зборови, туку на мали и секојдневни дела кои носат резултат,” истакна Оливера Ливриниќ.

Граѓаните ја потенцираа потребата од континуирана грижа и одговорност на локалната власт, а тимот на Ливриниќ уште еднаш порача дека нивната заложба е Општина Бутел да добие функционално, одговорно и достапно управување кое нема да ги заборава луѓето по завршувањето на изборите.