
Оливера Ливриниќ кандидатка за градоначалничка на Општина Бутел на СДСМ, со долгогодишно искуство во културниот сектор и работа како советник во општина Бутел. Оливера ја гради својата визија врз едноставен, но суштински принцип: политиката мора да им служи на граѓаните, а не на партиите или личните интереси.
„Не ви нудам празни зборови и нови лаги, затоа што тоа го слушаме повеќе од три децении. Јас не ветувам – јас ќе работам и ќе покажам резултати“, порача Ливриниќ на стартот на кампањата.
Клучни приоритети на програмата:
Чистота и хигиена: редовно одржување на улици и јавни површини, со функционални и одговорни комунални служби.
Транспарентна општина: секоја интервенција, секој денар и секоја одлука ќе бидат достапни за јавноста.
Вклучување на граѓаните: редовни средби, јавни платформи и целосен увид во работата на општината, со цел враќање на довербата дека локалната власт е сервис за граѓаните.
Млади и иднина во Бутел: преку поддршка на стартапи, создавање младински совет, вложување во образование и култура, Бутел ќе стане место каде што младите ќе сакаат да останат, а не да заминат.
„Бутел не смее да биде симбол на хаос и празни ветувања. Нашата цел е општина која е чиста, транспарентна и вистински европска. Општина каде што младите гледаат иднина, а сите граѓани да се чувствуваат горди што живеат овде“, изјави Ливриниќ.
Оваа кампања е поинаква – таа не почива на празни слогани, туку на јасен план и тим кој знае да испорача резултати.