Skip to main content
Македонија

„Листата за вработувања” е фабрикувана во штабовите на ДУИ, порачаа од партијата на Меџити

23/02/2025  16:09

Штабот на лагите на ДУИ, кој функционира во егзил и има обврска секојдневно да произведува и шири лажни вести, пуштил во оптек лажна листа за вработувања. Т.н. „листа за вработувања” е фабрикувана во штабовите на ДУИ кои се кријат од правдата. ДД не има составено такви листи, затоа што ДД не е ДУИ, велат преку соопштение од партијата Демократско движење која е дел од коалицијата ВЛЕН.

Според партијата на вицепремиерот Изет Меџити, фабрикацијата на сите овие лажни вести конечно докажува две работи.

-Прво, ДУИ е опседната со Демократското Движење, и второ, ДУИ е исплашена до коска од преминувањето на здравите структури од ДУИ кон ДД на Изет Меџити.

Албанците кои ќе бидат вработени од сите населени места каде што живеат и делуваат не можат да бидат вклучени во еден лажен документ, затоа што тие се илјадници. Ова право е загарантирано со Устав, децидни се од Демократското движење.