Skip to main content
Хроника

Лишени од слобода две лица за возење под дејство на алкохол

06/04/2025  12:29

Денеска (06.04.2025) во два одвоени случаи, во Штип и во Пробиштип лишени од слобода се лицата Д.Ј. (35) од Штип и С.Г.(45) од с. Соколарси, општина Чешиново-Облешево.

Во првиот случај при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „Туран” со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека лицето е под дејство на алкохол, односно дека има 1,55 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

Во вториот случај исто така при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф” со кочански регистарски ознаки, кое го управувал С.Г. за кого било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,64 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.