
Денеска (01.06.2025) во 16.20 часот на бул. “Борис Трајковски” во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишија од слобода двајца турски државјани. Кај О.Ф.Т.(23) е пронајдена марихуана, а кај А.Ј.Б. (20) се пронајдени 19 куршуми пиштолска муниција калибар 7.62 мм.
По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.