Skip to main content
Македонија

Лишена од слобода сопругата на лекарот кој вчера беше жртва на обид за убиство во Куманово

08/10/2025  16:09


На 07.10.2025 година, полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода А.А. (43) од Тетово, поради основи на сомнение дека е поврзана со обидот за убиство на нејзиниот сопруг З.Ш. (43) од село Слупчане, липковско.

Во врска со настанот, на службен разговор во СВР Куманово се повикани шест лица, а во домот на Б.С. (50) од Куманово, по судска наредба, е извршен претрес.

По целосно документирање на случајот, против А.А. ќе следува соодветна кривична пријава. Исто така, против Љ.Ф. (36) од Гостивар, кој се сомничи за обид за убиство и се уште е во бегство, по консултација со Основното јавно обвинителство, ќе биде поднесена кривична пријава.