Skip to main content
Македонија

Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп

16/07/2025  20:02

Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во координација со Јавно обвинителство Битола, попладнево ја лишија од слобода И.Д.(67) од Битола, вработена во Клиничка болница Битола заради сомнение за сторено кривично дело „Примање поткуп.

Во изјава за МИА, портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматова истакна дека се преземаат мерки за расветлување на пријавениот настан и поднесување на кривична пријава.

Како што извести МИА, претходно Министерството за здравство ја осуди постапката и итно ја суспендира осомничената лекарка се додека трае истрагата, а менаџментот на ЈЗУ Клиничка болница-Битола искажа загриженост и побара истражните органи транспарентно и законито да постапуваат во овој случај.