Skip to main content
Скопје

Лишена е од слобода 40-годишна скопјанка која со возило усмрти пешак во Волково

04/01/2026  11:09

Ноќеска во 00:45 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 40-годишната М.С. од Скопје.

Претходно, на 03.01.2026 во 20:55 часот на ул.„100“ во с.Волково, таа со патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувала, удрила во пешакот Г.И.(60) од с.Волково. Од здобиените повреди пешакот Г.И. починал на местото, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена пријава по член 300 од Кривичниот законик.