Skip to main content
Хроника

Лишен од слобода возач во светиниколско – возел со 137 километри на час на место каде дозволена брзина е 50

27/11/2025  13:33

На 26.11.2025 во 09:46 часот, на магистралниот пат А3, на крстосница Овче Поле, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Ѓ.Т.(56) од с.Василево, струмичко. При контрола во патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Ѓ.Т. управувал патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки со брзина од 137 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина е 50 километри на час. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против Ѓ.Т. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.