
Вчера во 09.30 часот во село Јосифово, валандовско, полицијата од Валандово го лишиле од слобода 33-годишниот А.Р. од од село Банско, струмичко поради брзо возење.
„При сообраќајна контрола, полициските службеници констатирале дека А.Р. управува моторно возило со брзина од 97 километри на час на место каде што брзината на движење е ограничена на 40 километри на час“, велат од МВР.
За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против А.Р. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.