Skip to main content
Хроника

Лишен од слобода возач од Гевгелија, управувал возило со 99 км на час на место каде е довзолено 40 км на час

16/07/2025  10:07

На 15.07.2025 во 07.57 часот кај село Брајковци, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишиле од слобода Ѓ.Ш.(21) од Гевгелија.

При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Ѓ.Ш. управувал патничко возило „мерцедес” со гевгелиски регистарски ознаки со брзина од 99 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 40 километри на час.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.